(ФОТО) Традиција долга 55. години: Неготино повторно избира „Најдобар глас“!

Традицијата продолжува, а зошто и да не кога се избира најдобриот глас на југот…
На 30.04.2019 год. со почеток од 20:00 часот во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино ќе се одржи најпознатата традиционална музичка Манифестација „Најдобар Глас“.Организаторите покануваат на присуство а се со цел овој настан да го добие потребното внимание и да им се даде поддршка на младите таленти.


На изборот за „Најдобар глас“ ќе присуствуваат главно талентирани изведувачи од општина Неготино но оваа година ќе има и гости од Куманово, поточно тројца, од школото за пеење на Ирена Крстевска – Стефанова,



Овој избор на младите таленти треба да им помогне да се афирмирираат, како што во изминатите децении излегле многумина познати естрадни уметници од Неготино како Петранка Костадинова, Мишко Крстевски, Кристина Арнаудова, „Нели ти реков“ и други направија завидна кариера започнувајќи токму од оваа Манифестација.


Секако, „Најдобар глас“ не би било можно да се одржи без помошта на винаријата „Бовин“ и „Алеко комерц“, компании кои како големи љубители на музиката имаат голема желба оваа, половина век стара манифестација, да ја продолжи традицијата.
Инаку, со младите таленти од Неготино работеа Ѓоко Ѓорчев и Кристина Палија. Како што ни рекоа, има многу таленти на кои тие само им помогнале да се опуштат и да го дадат најдоброто од себе.



Секако, најдоброто од сите кандидати ќе може да се слушне на 30. април (вторник) на сцената на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, кога веројатно повторно ќе блесне една нова ѕвездичка.
Наградите ги обезбеди а и целиот настан го потпомогнаа винаријата „Бовин„, и „Алеко комерц“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …