(ВИДЕО+ФОТО) ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПРВИТЕ СНИМКИ ОД СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА: Работите паѓаа низ продавницата, во куќите се’ се тресело

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, во областа околу градот Таргу Зиу, по што веднаш следеа афтершокови.

Најсилниот земјотрес е почувствуван во Букурешт, но и во други градови, а граѓаните на Србија известија дека го почувствувале и тие. Како што јавуваат, тресењето се почувствувало во Белград, Нови Сад, Панчево и Вршац.
Неколку минути по првиот земјотрес, следеле последователни земјотреси, сето тоа во рок од неколку минути.
Наскоро се појавија првите слики од силниот земјотрес во Романија.


Според податоците, првиот земјотрес бил најсилен и бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, а се случил во 13 часот и 16 минути.


Веднаш потоа во 13 часот и 21 минути се случил земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, по само пет минути подоцна во 13 часот и 26 минути, со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала.

Во меѓувреме, четвртиот земјотрес бил забележан во 13 часот и 29 минути, со јачина од 3,4 степени според Рихтер.
Исто така, уште еден послаб земјотрес, петти по ред, ја погодил Романија во 13 часот и 57 минути, со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …