(ВИДЕО+ФОТО) ЛЕДОТ ПУКА, ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, СЕ СЛУША СТРАШЕН ЗВУК: Погледнете го застрашувачкото видео од Сребреното езеро за време на земјотресот во Романија

Силниот земјотрес што денеска околу 14 часот ја погоди Романија бил почувствуван и низ цела Србија.
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа околу градот Таргу Жиу, а веднаш потоа следувале уште три придружни земјотреси со помал интензитет.
Земјотресот го почувствувале и граѓани на Белград, Нови Сад, Панчево, Вршац, Зрењанин, Смедерево, Пожаревац, Крушевац, Параќин, Неготин, Заечар, Бор, Кладово, Ниш, Лесковац…
На социјалните мрежи се појави видео од замрзнатото Сребрено езеро за време на земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтер кој се случи во Романија.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)


На видеото се гледа како мразот на езерото пука додека во позадина се слуша застрашувачки звук.
– Сребрено езеро за време на земјотресот што се случи во Романија – пишува под објавата.
Во соседното Велики Градиште поради земјотресот се урнал дел од фасада на зграда, но според првичните информации нема повредени.


View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)


За потсетување, Србија од утрово ја погодија дури четири земјотреси. Првиот бил рано утринава во Краљево, потоа два во Бор, а четвртиот, кој ја погоди Романија, се почувствувал низ целата земја.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …