Ѕвездата на „ТикТок“ е наречена „најнесреќната жена на светот“ откако претрпела удари кои и ја скршиле вилицата, а потоа добила тумор на мозокот а подоцна доживеала сообраќајна несреќа.
ТикТокерката Али Мекларен се здобила со скршеница на вилицата откако бездомник, неиспровоциран, ја удрил со тупаница во лицето, а набргу потоа и бил дијагностициран тумор на мозокот. Тогаш била прегазена од автомобил кога одела на терапија со зрачење.
„Јас сум таа личност која живее така што ‘не може да паузира во животот’, саркастично рекла Мекларен во своето обраќање до TikTok.
Во видеото, кое собра над 1,6 милиони прегледи, таа детално ја опишала низата несреќни и опасни по живот настани што ги преживеала, почнувајќи од нејзиниот напад во октомври 2021 година.
„Тој ја премина улицата и го видов со аголот на окото. Истрча директно кон мене и ме удри“, рекла таа.
„Ми го скрши телефонот кој од ударот пукна и јас паднав. Се’ се случи за околу две секунди“.
@notallialicee Like I’ve lived a normal life for a few weeks #hitbyacar #hospital #radiation ♬ original sound – Selenagomez fan
Веднаш по нападот, Али побарала итна медицинска помош. Таму, лекарите и рекле дека „изгледа добро“ и ја отфрлиле нејзината загриженост. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, кога забите почнале да и паѓаат додека возела, стоматологот потврдил дека од нападот и била скршена вилицата.
Меѓутоа, откако обидите целосно да и ја обнови вилицата не успеале, Мекларен била принудена да чека уште два месеци пред да оди на операција.
На TikTok таа објаснила дека морала да оди на операција на вилицата, но нејзиниот имунолошки систем бил многу слаб, па на крајот добила инфекција и пневмонија.
Но, за време на нејзината борба со пневмонија, таа паднала и ја удрила главата, предизвикувајќи трауматска повреда на мозокот што предизвикала епилептични напади.
Само два месеци по започнувањето на терапијата против напади, нападите на Мекларен зачестиле, а таа претрпела и промени во расположението.
@notallialicee Lol #bestfriend #ex #situationship ♬ original sound – Aman🐯
Лекарите на крајот откриле тумор си џиновски клетки кој расте во нејзиниот мозок.
Тие го отстранија најголемиот дел од нејзината маса, но и препишале зрачење за да ги елиминираат сите преостанати клетки. И додека таа била на пат кон локалната болница на почетокот на јануари 2023 година, била прегазена од возач кој не закочи на знакот за запирање.
Мекларен наведува дека преживеала огромен стрес и финансиска загуба, а потоа се осврнала и на појавата на туморот:
„Причината за овој вид тумор е непозната, но можно е да е резултат на траума на главата“.
На крајот, тиктокерката заклучува дека нема толку многу пријатели како порано бидејќи повеќе нема енергија и страда од нагли промени на расположението.
И’ покрај многуте неволји, таа останала позитивна за иднината.
Фото: Принтскрин/TikTok