(ВИДЕО+ФОТО) Пендаровски и Силјановска во „Еден на Еден“: Претседателски избори во друго светло!

Гордана Силјановска Давкова игра рокенрол, а Стево Пендаровски прави квиз за НБА – во екот на политичката кампања, „Еден на Еден“ е местото каде што претседателските кандидати ќе може да ги видите во вакво светло.


Во недела, професорите ќе ја покажат својата позабавна страна, која не е поврзана со политиката. И двајцата ќе ги откријат Топ 5-те причини зошто токму тие треба да бидат идниот македонски претседател, но и што мислат за сите досегашни наши претседатели. Мал хинт: за Бранко Црвенковски и двајцата употребија еден ист збор.

Силјановска Давкова ќе зборува за детството, патувањата, медитацијата, но ќе покаже и дека и ден-денес знае одлично да танцува:



НБА фан и љубител на добар рокенрол, се само дел од работите кои Пендаровски ќе ги открие за себе:

„Еден на Еден“ епизодата со Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ќе се емитува оваа недела, 14 април, од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …