(ВИДЕО+ФОТО) Пекол во Австралија: Туристичко гратче опколено со огин, луѓето бегаат во морето

Илјадници Австралијанци поради огромните пожари избегале на плажите, на југоистокот на земјата. Посебно алармантно и сериозно било во гратчето Малакота кое е потполно окружено со огин, а луѓето се присилени да бегаат во море.


Илјадници жители морале да ги напуштат домовите
Околу четири илјади жители и туристи биле приморани да ги напуштат домовите и апартманите во ова туристичко гратче.
„Немавме друга опција“, рекол Џејсон Селмас, жител на Малакота, за време на евакуацијата.
Густиот чад утринското светло го претворал во темница, а како почнувал денот, небото полека станувало портокалово, а огинот почнал да го голта градот.
Кога се огласила сирената за узбуна, некои пронашле спас во морето и сега на бротчињата гледаат како пожарот го голта градот.


Загинале уште три лица
Шумските пожари веќе со недели беснеат по југоистокот на Австралија а во вторникот веројатно однеле уште три човечки животи, стравуваат тамошите пожарникари.
„Немаме податоци за три лица во помалите места на јужниот брег и голема е веројатноста дека загинале во пожарите“, изјавил секретарот за рурални пожарникарски станици на Нов Јужен Велс, Шејн Фицсимонс.
Се стравува дека две лица загинале во местото Кобарго а едно во Белоурл.
Големите пожари во тоа подрачје натерали илјадници излетници спасот од огинот да го побараат на плажите.
Освен во нов Јужен Велс пожари има и во покраината Викторија во која нема податоци за уште четири лица, но тамошните власти не дали никакви информации.
Досега во пожарите во Австралија, во кои изгореле повеќе од четири милиони хектари шума, потврдена е смртта на девет лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …