(ВИДЕО+ФОТО) Овој летачки автомобил доаѓа од Израел: Еве што се може!

За идејата за летачки автомобил сонуваме со децении, а сега имаме пример што ја прави идејата реална.
Како што се очекуваше, концептот на летечкиот автомобил доаѓа од Израел, а со своите можности стои на границата на работната машина со ограничена воена намена. Ако ги игнорираме сето ова, ќе кажеме дека го развила Urban Aeronautics.


Неговото име е CityHawk и во основа е еден од класичните авиони VTOL (вертикални авиони за полетување и слетување). Сепак, тука е една новина во однос на погонот. После партнерството со HyPoint , ова летало добило погон на горливи ќелии.
И’, сега работите стануваат многу интересни. Покрај летање со брзина од 200 км на час, овој авион има опсег од 160 км.А тоа за овој концепт за воздушен сообраќај не е малку. На летчкото такси и работни авиони не им треба ништо повеќе. Да потсетиме, овој авион може да носи до пет лица, додека не бара ништо повеќе од неговата подна површина за да слета или полетува.


CityHawk има два резервоари со водород и тие обезбедуваат два електрични мотори, секој со моќност од дури 952 КС, преку класична технологија на горивни ќелии. Тие покренуваат т.н. внатрешни ротори во рамките на технологијата “Fancraft технологија”, кои обезбедуваат одлична маневрирање со начинот на кој воздухот струи. Животниот век на погонот е околу 20.000 часа.
И сега една лоша вест. Авторот на проектот, Рафи Јоели очекува CityHawk да биде подготвен за комерцијализација дури кон крајот на деценијата. Тој вели дека започнал да ја развива идејата за хеликоптер со внатрешни ротори во 2001. година, а во 2015. година полетал првиот функционален прототип.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …