(ВИДЕО+ФОТО) Ова е најсигурното место во светот: Еве како го чуваат!

Во нејзините ѕидини се наоѓа лавиринт од челик, бетон и модерна технологија, преполн со злато
Во американската сојузна држава Кентаки се наоѓа тврдината Форт Кнокс, која е синоним за сигурност. Не само во Америка туку и во светот, каде името е друг назив за најголемите стандарди за заштита.

Технички, станува збор за институција која се нарекува United States Bullion Depository, а Форт Кнокс го презела од блиската поштенска станица. Кнокс доаѓа од првиот американски министер за одбрана, Хенри Кнокс. Тој таа титула ја носел од 1789. до 1794. година. На што и служи зградата е релативно јасно, во неа, во облик на злато се чуваат американските резерви.



Била потребна една година за да се изгради зградата, а работите почнале во 1995. година. Според податоците од американската ризница, што чинело 560.000 долари. Не го содржи цело американско злато, туку отприлика половина, а институцијата ја води американската печатница на пари.


Сефот со злато е дел од мрежата од шест установи кои го штитат тој најплеменит метал. Други локации се наоѓаат во Њујорк, Денвер и Сан Франциско. Во текот на Втората светска војна тука се чувале Декларацијата на независност и американскиот устав.
Првото злато во Кентаки било префрлено со воз. Сета одговорност ја презела американската пошта.


„Тоа беше единствен начин да се осигура златото бидејќи, во тоа време, тоа беше единствена агенција која ја прифати одговорноста во случај на губење на богатството“.Секако, со богатството патувале десетици до заби вооружени мажи.
Чувањето на националното злато бара вистинска комбинација на сигурни и непробојни материјали. Форк Кнокс содржи кубици гранит, стотици километри квадратни бетон, 750 тони зајакнат челик и 670. тони „обичен“ челик. Има два спрата, и голем подрум, а неговиот екстериер изнесува 32. метри со 32. метри. Од надвор навистина изгледа како тврдина.


Под нивото на земјата лежи комплекс од непробојни слоеви како и високи технологии преполни со шифри и кодови. Сефот се состои од челични плочи кои се завиткани со бетон. Нема „слаби точки“ ниту начини да се пробие до благото.


Самата врата има 20. тони и потполно е отпорна на експлозии. Дебела е 53. сантиметри и низ неа може да се мине само со шифра. Оние кои работат внатре имаат различни упатства за тоа како да се влезе внатре што дополнително го отежнува пристапот. Форт Кнокс веќе со децении не прима посетители. Тура едвај добил Френклин Р. Рузвелт, а тој бил претседател во време на градење на Форт Кнокс.
На делегација од Конгресот во 1974. година не и било дозволено да ја погледне тврдината, кога некој рекол дека „златото исчезнува“. Бил и новинар на The New York Times кој напишал дека „од подот до таванот се наредени полуги злато, а само една ‘група’ содржи 32.236 полуги. Да се стои во полусветло покрај 1.775.688.776.85 долари вредност во злато е навистина спектакуларно“.
Јавни службеници не се пуштани внатре се до 2017. година, кога Стивен Мунцхин, на Трамп, некогашен продуцент на филмови како „Suicide Squad“ и „The Disaster Artist“, а сега министер на финансии побарал право на посета.

Можеби бил свесен за улогата на Форт Кнокс во филмот „Goldfinger“ од 1964. Иако, секако, не можеле да снимаат во самиот депозиториум, направиле имагинарна верзија за која дизајнерот Кен Адам имал чувство подобро да го рефлектира култниот статус на зградата.
Има многу легенди. од тоа што точно се случува „таму долу“, до фантазирањето кое го поттикнало филмот на Бонд. Но, како шпто велат вработените, можеби најголем плус во сето тоа не се само тоните челик туку „таинственоста“.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …