(ВИДЕО+ФОТО) Откриена содржината на торбите со подароци на Оскарите: Липосукција, парче земја во Австралија и урми – ВРЕДАТ 126.000 долари

Овогодинешното доделување на Оскарите ќе се одржи во понеделник, на 13 март, а неодамна беше откриено што освен престижната филмска награда, номинираните би можеле да однесат дома како подарок.
Подароците кои и оваа година на номинираните ѕвезди им ги дели маркетинг агенцијата Distinctive Assets, се проценети на околу 126.000 долари. Брендовите плаќаат 4.000 долари за учество, но агенцијата не е обврзана да ги прифати нивните производи.


Според The ​​Guardian, торбата со подарок ќе содржи околу 60 различни производи со фокус на промовирање на велнес третмани. Кесите ќе содржат подарок кој вклучува парче земја во Австралија, можност да се оди на липосукција и рачно избрани органски урми.
Другите работи вклучуваат тридневен престој за осум лица на вулкански остров, јапонски млчеен леб, свилени навлаки за перници и консултации за обновување на коса со лекари од Флорида.

Исто така, откриено е и менито во кое ќе имаат можност да уживаат познатите личности. Британскиот готвач Елиот Гровер открил дека ќе послужи риба и чипс за почеток, а потоа пита со пилешко. Кога станува збор за вегански специјалитети, ќе послужат солени грицки со печурки, хумус намаз и фалафел од грашок.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …