САЕМОТ НА МЕБЕЛ ВО МАРТ ЗНАЧАЕН И ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ, НО ИСТО ТАКА И ЗА САМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ТРГОВЦИ НА МЕБЕЛ

Саемот на мебел повторно се враќа кај нас и ќе се одржи од 29. март до 2. април во Комплекс Борис Трајковски, Скопје. Оваа саемска манифестација, која по паузата на одржување во пандемијата, го одбележува 45-тиот јубилеј на одржување. Повеќе од 40 изложувачи ќе ја изложат својата програма вклучувајќи ги сите категории на опремување на ентериер.

Публиката со нетрпение ја очекува оваа понуда бидејќи се работи за избор на мебел од голем број домашни производители, интернационални брендови со специјални саемски понуди и попусти. Она што е најинтересно за посетителите е дека на едно место ќе може да се најде понуда која одговара за секој буџет и вкус. Понудата вклучува гарнитури, фотелји, спални и детски соби, кујни, купатила, вградени плакари, осветлување, декоративни подлоги и се што е потребно за уредување на домот.


Онлајн картите за Саемот за мебелсе веќе пуштени во продажба преку платформите на: www.karti.com.mkи www.mktickets.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …