(ВИДЕО+ФОТО) НА српски пејач за време на емисија во живо пчела го каснала во грло: Почнал да се гуши…

За време на пеење на пејачот Селмановиќ во грлото во влетала пчела, а на лице место пристигнала и брза помош. Пејачот после неколку часови бил пуштен дома на куќна нега…
Српскиот фолк пејач, Ибро Селмановиќ, доживеал непријатност кога за време на снимањето на емисијата „Шареница“ на каналот на РТС пчела го боцнала во крајникот. Пејачот ги изведувал своите песни, а во еден момент со раката се фатил за грлото.

Иако прво продолжил со пеењето, Селмановиќ наскоро почнал да се гуши и на организаторите им дал до знаење дека му е потребна медицинска помош.
Видеото можете да го погледнете ТУКА
Се чини дека на пејачот за време на изведување на една од песните во грлото му влетала пчела, а на лице место наскоро пристигнала и брза помош. Селмановиќ после неколку часови бил пуштен на куќно лекување, а српските медиуми дознале дека со брзата реакција на лекарите е минало без поголеми последици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …