(ВИДЕО+ФОТО) Мел Б ја нападнала Гага:„Баш претера, жал ми е за Ирина…“

„Тоа се љубовни погледи, навистина“, рекла Мел Б и смета дека шушкањето за наводната афера помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер ќе стане погласна откако пејачката ја прекинала свршувачката со Кристиан Карина…


На 91, доделување на Оскари во Лос Ангелес на многумина најдраг момент им бил настапот на Лејди Гага (32) и Бредли Купер (44) со песната „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“. Колегите на сцената изгледале многу блиски, иако партнерката на Купер, манекенката Ирина Шајк (33) седела во првиот ред помеѓу главните актери.
Погледнете го видеото:


Бившаѕта членка на „Спајс гирлс“, Мелани Браун (43) попозната како Мел Б, во утринската емисија на Пирс Морган (53) го коментирала нивниот настап и рекла дека Лејди Гага претерала и го прекршила најважното женско правило.


„Ова е навистина премногу. Ми беше жал за неговата девојка Ирина. Особено на крајот на настапот кога онака се зближија. Тоа се љубовни погледи, навистина“, рекла Мел Б.

Со оглед на тоа дека Лејди Гага ја прекинала свршувачката со агентот Кристиан Карина (50), бившата Спајсица смета дека шушкањата за наводната афера на Бредли и Гага ќе бидат уште погласни. За време на целиот настап биле прегрнати, а пред крај на песната скоро и се бакнале. Мноигумина коментирале дека помеѓу нив „искреле“ погледи полни со нежност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …