(ВИДЕО+ФОТО) „Макфест“ го објави конкурсот за нови композиции:Скокањето на сцена поважно од текстот!

Минаа скоро четири месеци од финалната вечер на „Макфест“, а организаторите го објавија конкурсот за нови композии…

Да се потсетиме на минатогодишниот „Макфест“ победи композицијата „Никогаш не вели
никогаш“ на авторскиот тим – музика:Лазар Цветковски, текст: Магдалена Цветковска,
аранжман: Лазар Цветковски, во изведба на Антониа Гиговска…


Интересно е дека „Макфест“ повторно нема да додели награда за најдобар текст што не е
вообичаено на фестивалите, како стиховите кои ги пеат изведувачите да не се важни за
комплетниот впечаток на композицијата. А, токму тие стиховите се она што ни останува „во
уво“ и го потпевнуваме, но…Се чини дека организаторите, во сите големи трошоци, се
„покуси“ за 500. евра колку што изнесуваат поединечните награди.


Инаку, авторските тимови и оваа година „ќе се борат“ за паричните награди од 5.000 (прво
место), 3.000 (второ место) и 1.000 евра (трето место), како и за оние за
аранжман,најдобра вокална изведба, дебитант и сценски настап во износ од 500. евра.
Последен рок за учество на конкурсот е 1. април 2019 година. Во предвид ќе бидат земени
материјалите кои ќе бидат испратени по пошта најдоцна последниот ден од Конкурсот и ќе
содржат валиден поштенски жиг, како и материјалите кои најдоцна последниот ден од
конкурсот ќе бидат уредно заверени во архивата на Општина Штип до крајот на работното
време.
Сите детали можете да ги видите на овој ЛИНК


Фото: Скриншот, Јутјуб.

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …