Ве интересира Кинескиот хороскоп? Откријте кој знак сте и кои се вашите карактеристики!

Во кинескиот хороскоп знаците се менуваат по години, а не по месеци, па од годината во која сте родени зависи во каков знак ќе припаѓате.
Кинеската Нова година не почнува на први јануари, како нашата, туку на осми февруари, но пресек на знаците е четврти февруари. Тоа треба да се примени и на годините, па како почеток се зема четврти февруари, а оние кои се родени до таа дата се вбројуваат во претходната година.
Во кинескиот хороскоп има 12. знаци, па се потребни 12. години да се сврти кругот. Потоа, се’ од почеток, но секоја година има и свој елемент кои ги има пет. Така на пример 2016. е година на Мајмун, како и 2004. пред тоа. Но, оваа година е на Огнен Мајмун, а 2004. била година на Дрвен мајмун, Но, вашиот знак во хороскоп го одредува само животно, не и елементот, што значи дека не можете да бидете Дрвен или Огнен Мајмун, туку сте, во секој случај Мајмун.

Од оваа табела дознајте што сте во кинескиот хороскоп
Според легендата за настанувањето на кинескиот хороскоп, Буда за Нова година ги повикал сите животни, да го посетат.Меѓутоа, дошле само 12. Во знак на благодарност тој одлучил секоја година да биде во знак на едно животно, а знаците се менуват со оној редослед како животните доѓале на забавата. Значи секоја 12. година е во ист знак. Еве кои години му припаѓаат на кој знак:
Глушец – години на раѓање (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008) –
Шармантен, дипломат, вреден, штедлив, глушецот е општествено сакано лице и обично е многу успешен.
Бивол – години на раѓање (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009) – Кога ви е потребен некој од доверба повикајте го биволот. Овие приземни и сензитивни луѓе исто така поседуваат големо срце и секогаш се подготвени да помогнат.
Тигар – години на раѓање (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010) –
Компликуваните тигри ќе ве пуштат да погаѓате. Весели се, љубезни, великодушни и забавни. Исто така можат да бидат самоволни, независни, импулсивни, суетни и понекогаш, многу себични.
Зајак – години на раѓање 1927,1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011) – Зајаците во Кина се знак на долговечност и се сметаат за природно среќни.
Змеј – години на раѓање (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – Тие се харизматични лица кои инсистираат да го следат својот единствен животен пат. Не е секогаш лесно со нив, тие знаат да бидат многу напорни, безобзирни и надмени.


Змија – години на раѓање (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – Тие се физички впечатливи и често имаат прекрасно чувство за личен стил. Змиите се независни лица кои го следат својот пат, без оглед што другите мислат за тоа.
Коњ – години на раѓање (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – Овие природници се независни и весели лица кои искрено уживаат во другите луѓе. Можат да бидат доста тврдоглави, а кога се лути можат да донесат брзоплети одлуки без мнпгу размислување.
Коза (некаде Овца) – години на раѓање (1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003,2015) – Овие тивки и понекогаш срамежливи лица имаат големо сочувство, емоциите често им испливуваат на површина. Често се многу чувствителни, особено во рамките на своето окружување.


Мајмун – години на раѓање (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004) – Понекогаш Петлите се јаки, таинствени и мирни типови луѓе, а понекогаш се многу зборлести. Можат да ве освојат со својот шарм или да бидат ваш најголем кошмар. Кај Петлите нема средина.
Куче – години на раѓање (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006) – Тие делат многу особини со своите другари кучињата. Кучињата секогаш имаат чувство за правда и ферплеј. Оригинални се и скромни, тие се шармантни и со големи напори цврсто стојат на земјата.
Свиња – години на раѓање (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007) – Природно е да се восхитувате на едноставната, но искрена и храбра свиња. Лутењето не ги држи долго и ќе се обидат да бидат во добри односи со сите. Многу се трпеливи и добри наставници.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО СЛЕДНИТЕ 7 ГОДИНИ ЌЕ ГИ СЛЕДИ СРЕЌА: Хороскопски знаци на кои им се подготвува период на просперитет

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …