(ВИДЕО+ФОТО) Љубљана под вода: „Ова се случува еднаш во 250. години“

СИЛНОТО невреме што ја зафати Словенија синоќа поплави повеќе од 500 згради само во Љубљана, пишува 24ur.
Дежурните служби примиле повеќе од 2.700 повици од граѓаните помеѓу 20. часот и полноќ.
Поплавени се патиштата, како и подземните гаражи. Бројни автомобили се уништени, луѓето заглавиле во автомобили во многу висока вода.
Проблемот е што во екстремно краток временски период наврнал многу дожд. Во Љубљана паднаа 88. литри на метар квадратен, што, според пресметките, е нешто што се случува еднаш во 250. години.


Според метеорологот 24ur, Рок Носан, на некои места за кратко време паднал повеќе дожд отколку за два месеци.
Како што било речено, повеќе од 500. згради во Љубљана биле поплавени. Претежно биле поплавени станови во сутерените, училишта, градинки, индустриски погони, магацини…
Под вода се и бројни паркинзи, особено подземни. Заедно со бурниот дожд, дувал силен ветер, кој ги соборил дрвјата на улиците.
Според сегашните податоци, нема повредени.

Театар поплавен среде претстава: „Ова никогаш не се случило“
Огромна поплава има и во театарот во Љубљана.
Јернеј Пристов, портпарол на театарот, рекол дека за време на претставата, водата почнала да паѓа од покривот.
„Покривот беше дотраен, водата паѓаше на сцената и зад сцената во потоци“, рекол тој.
Претставата, јасно, била прекината и луѓето беа евакуирани. Напојувањето е исклучено и во моментов не е можно да се процени штетата.
„Вакво нешто никогаш не се случило во историјата на театарот“, рекол тој.

На социјалните мрежи се споделуваат бројни слики од поплавени делови од градот. Поплавите предизвикаа големи проблеми и во другите делови на Словенија.
Метеоролозите најавуваат помали врнежи за денеска, а расчистување попладне.

Фото: Принтскрин/24ur

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …