(ВИДЕО+ФОТО) ЛЕСНО ВЛЕГУВАЊЕ НО УЖАСНО ИЗЛЕГУВАЊЕ: Бивш скинхед говори за бруталностите од кои избегал и како се борел за нормален живот!

„Претходно многу често ме тепаа, а на 19. години уживав во помислата дека сите се плашат од мене поради моето лице. Никогаш никој не мразев всушност се мразев себеси. Насилството кон другите ми беше само проекција“, раскажал Брајан.
Неговите животни стравови почнале да се менуваат кога ја запознал Џули. Тогаш имал 27 години и бил на врвот на неговото „зло“.
Брајан Виндер станал скинхед кога имал 14. години, а само пет години подоцна никој не се осмелил да му се приближи поради лицето преполно со тетоважи. Кога на прагот на 30.ттите години ја запознал Џули одлучил да стави крај и со неа да започне заеднички живот, но тогаш за него почнал вистинскиот пекол.
Според неговата животна приказна снимен е филмот „Skin“.


На скинхедс им се приклучил по смртта на неговата мајка, по сопствена волја за да импресионира некој негов роднина.
„Имав член на семејството кој беше дел од скинхед и сакав да го воодушевам. Во тоа време редовно бегав од дома и живеев на улица па за мене тоа беше природен развој на случувањата“ – раскажал во некое интервју.
Отприлика во тоа време почнало сè, тетовирале расистички и нацистички симболи по телото и лицето како и знаци за припадност на банда.


Gepostet von Bryon Widner am Sonntag, 14. Februar 2016

„Претходно многу често ме тепаа, а на 19. години уживав во помислата дека сите се плашат од мене поради моето лице. Никогаш никој не мразев всушност се мразев себеси. Насилството кон другите ми беше само проекција“, раскажал Брајан.
Неговите животни стравови почнале да се менуваат кога ја запознал Џули. Тогаш имал 27 години и бил на врвот на неговото „зло“.
Ја запознал на некој концерт, а неколку дена подоцна кога дома се вратил мртов пијан, ѝ се јавил и така почнале да разговараат за тоа дека тој сака да излезе од бандата, но не знае како.


Заедно, со нејзините три деца се преселиле на другиот крај од државата и одлучиле да започнат нов живот, но тогаш за нив почнал вистинскиот пекол.
„Секојдневно ни се јавуваа во три часот наутро и ни се закануваа со смрт. Тоа траеше две години, непрекинато живеевме во страв“, признал Брајан.

Освен тоа, колку и да била искрена неговата желба да се промени, Брајан и понатаму имал лице полно со нацистички белези, сите се плашеле од него и не успеал да најде работа.
„Бев очаен. Тешко е кога не можеш да побегнеш од сопствената кожа. Бев подготвен да си го запалан лицето со киселина“ – раскажал тој.

Џули во некој момент му се обратила на Далрилеј Ламонт Јенкинс, афроамериканецот кој ја водел групата One People’s Project, група активисти која би им помогнала да пронајдат спонзори за трошоците за отстранување на тетоважите.

Gepostet von Bryon Widner am Mittwoch, 23. August 2017

Успеале да најдат донатори кои ќе му дадат 35. илјади долари за операција, но морал да оди на советување и да вети дека ќе се школува. Тој се согласил.
Вкупно морал да оди на 25. операции во 16. месеци, а процесот бил многу болен.


„Болката беше ужасна, но издржав. Си кажав дека тоа е казна затоа што на многу луѓе им нанесов болка. Си објаснив себеси дека тоа е казна која морам да ја истрпам. Не можам да го променам моето минато, но можам да се обидам да возвратам со добро“, заклучил тој.

Денес Џули и Брајан живеат мирен семеен живот, а според нивната приказна снимен е филмот „Скин“ кој моментално се прикажува во кината низ светот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …