(ФОТО) „Тој е олицетворение на се британско“ и ќе има улога во новиот филм за Џемс Бонд!

Британскиот принц Чарлс, со Даниел Крег, Реми Малек и Наоми Харис, би можел да глуми на следното продолжување од серијата филмови за тајниот агент 007…
Првиот по ред на наследниците на британскиот трон во јуни го посети снимањето на филмот, кој сè уште нема официјално име, а е познат како „Бонд 25“.
Принс разговарал со екипата за можноста да игра помала, камео, улога во филмот, пишува британскиот весник „The Sun“.
Сега тие разговори напредуваа напреднале, благодарение делумно на улогата на кралицата Елизабета Втора во церемонијата на отворање на Олимпијадата во 2012 година, во режија на Дени Бојл, изјавил извор за весникот.
“Ним се допадна сè што го придружуваше појавувањето на кралицата со Даниел Крег, затоа сметаат дека Чарлс би можел да го надмине сега. Тој е олицетворение на сè британско и совршен е за улога во филмот Бонд. Фановите ширум светот би го сакале  и тоа би им се допаднало“, рекол изворот.
Патем, минатиот месец беше објавено дека младата актерка Лаша Линч, ѕвезда на филмот „Капетан Марвел“, ќе биде дел од екипата на „Бонд 25“. Исто така беше наведено дека таа ќе биде претставена уште на самиот почеток на филмот, „како прва жена во улогата на познатиот таен агент“.
Како што беше најавено тогаш, Креговиот Бонд ќе биде „повлечен од пензија“ за да се спротивстави на „глобалната криза“. Сепак, останува нејасно дали улогата на Линч ќе биде внесена во приказната пред или после, пренесува NME.
Исто така, се појавиле гласини дека Кристоф Волц би можел да ја повтори својата улога на Блофелд откако бил забележан на сетот на „Бонд 25“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …