(ВИДЕО+ФОТО) КВИЗ НА РТС – Водителката на квизот во Србија заработува енормно: Повеќе од 15.000 евра за 10 дена снимање

Претседателката на Управниот одбор на РТС открила дека Кристина Раденковиќ, водителката на квизот „Стасај ме ако знаеш“, за десетдневно снимање заработува плата од 15.950 евра.
Додека квизовите исчезнаа од програмската шема на македонскиот јавени сервис, во соседните земји сè уште се меѓу најгледаните емисии, а се чини дека и нивните водители добро заработуваат.
Токму претседателот на Управниот одбор на Радио-телевизијата на Србија, Бранко Кланшчек, открил информација за платата на една од водителките на квизот на јавниот сервис при неодамнешното гостување во емисијата „Хит Твит“.
Тој исто така изјавил дека РТС има повеќе од 2.000 вработени, но дека повеќето програми што ги емитува ги купува од продуцентски куќи кои се во сопственост на вработени во Јавниот сервис на Србија.

Една таква емисија е квиз-шоуто „Стасај ме ако знаеш“, чиј водител е Кристина Раденковиќ.


– На пример, водителката на квизот „Стигни ме ако знаеш“, Кристина Раденковиќ добива 15.900 евра за 10 дена снимање. Многу е интересно бидејќи се снима во Кошутњак, во нашето студио, таа ни е водителка, а ние имаме договор со „Филминг“ дека тие го прават тоа, така што е целосно нејасно“, рекол Кланшчек.


По овие тврдења, продуцентската куќа „Филминг“ соопштила дека нивниот буџет е сепак многу помал.
– Оваа продукциска куќа продуцираше или адаптираше некој ТВ формат, меѓу кои е и квизот „Стасај ме ако знаеш“, кој се емитува на РТС од 2020 година и речиси секогаш е во топ 10 емисии на денот, а секогаш во Топ 20 емисии дневно, како и најгледаната емисија во тоа време на емитување на сите телевизии во Србија“, изјавиле тие.
„Буџетот на квизот е околу 20.000 евра по епизода, но со наградниот фонд, кој е 4.500 евра по епизода, што емисијата во продукциската рамка ја става во многу поевтин опсег отколку што е претставено деновиве во медиумите“, додале тие.

По ова, Кланшчек се огласил на Твитер со документ кој покажува колку навистина се плаќа водителката за овој ангажман.
– Се огласи продукциската куќа „Филминг“ и рече дека не е точно дека Кристина Раденковиќ за десет дена од снимањето на квизот „Стасај ме ако знаеш“ заработува 15.000 евра, да, згрешив, таа заработува 15.950, плус што РТС и плаќа придонеси од 6.699 евра. Ако јкозата лаже, рогот не лаже“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …