5,6 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР – Повторно силен земјотрес ја погоди Романија, луѓето велат дека се почувствувал посилно од вчера

Романија ја погоди силен земјотрес. Според првите информации се работи за земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Таргу Џиу на длабочина од 10 километри, но бил почувствуван и во соседните држави.
По овој силен земјотрес следеле три помали магнитуди од 3,4 до 3,9 степени.
Жителите на Романија, но и на многу градови во Србија известуваат дека тресењето денеска го почувствувале посилно од вчера. Судејќи според сведоштвата објавени на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван низ цела Србија.
Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вчера околу ова време ја погоди Романија, исто така во близина на Тарго Џиу. Нема извештаи за поголема штета.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …