(ВИДЕО+ФОТО) КОГА РУСКИ МИЛИЈАРДЕР СРЕДУВА ШКОЛО ТУКА ИМА ЗЛАТНИ ТОАЛЕТИ, ФОНТАНИ И МЕРМЕР:Сега децата нема да мора да одат во Версај или Лувр!

Првиот поглед на реновираното средно училиште во Екатеринбург, Русија, може да ве натера да помислите дека станува збор за барокна зграда во која доминираат луксуз и неумереност на секој чекор, како Палатата на Версај, но тоа е всушност само исполнување на детскиот сон на руски милијардер.
Златни висечки лустери, позлатени орнаменти по ѕидовите, луксузни мермерни подови, златни плочки во тоалетите, син мермер на ѕидовите и фонтана некако ве доведуваат до заклучок дека сте биле во едно обично училиште изградено во 40-тите години на минатиот век во советската ера.


View this post on Instagram

Знаете фразу — чисто не там где убирают, а там где не мусорят?! – дак вот в такой школе как на Вторчермете точно не захочется ничего портить и «расписывать»… да и учиться, возможно, в такой школе тоже будет напряженно, хотя.. Сделал такой подарок в виде ремонта бывший ученик — владелец компании Сима ленд – Андрей Симановский, кстати, он там учился вместе с Высокинским)) Кто ведёт ребёнка в школу, много нас тут? _________________________________ #школа #вторчермет #106школа #дети #ремонт #лувр #екб #екатеринбург #сималенд #высокинский #симановский #ученик #яндекс #таксист #яндекстаксист #яндекстакси #запискитаксиста #дневниктаксиста #такси


A post shared by Яндекс Таксист (@yandex.taxist) on


Некогаш ученик на ова училиште, а денес успешен бизнисмен Андреј Симановски, решил да го исполни својот детски сон и да го претвори своето училиште во дворец.

И сите сјајни и кич елементи со кои тргнал „на поход“,иако делува претерано, се навистина само почеток на реновирањето на ова училиште. Како што било кажано, завршени се само ходникот на приземјето и тоалетите.

Во моментот функционираат канцеларијата на директорот и училницаите во основното училиште. Како што речкол Симановски, тој сака да ги реконструира и горните катови, теретаниата и терените на отворено.

View this post on Instagram

🏫Так теперь выглядит отремонтированная МАОУ СОШ №106 на вторчермете Это точно на школу похоже?😄 Скоро во всех школах пройдут линейки, встретят новых учеников.🎀💐 В нашей школе будет так же и много гостей, Очень важных гостей)))👥👥 Таких как мэр города, глава образования свердловской области, глава Чкаловского района, наверное и ещё кто-нибудь) Спонсировал такой ремонт для школы бывший ученик 106 школы, владелец компании Сималенд🏢 . Как вам такая обстановка для школы? . . . . . #школа #е1фотодня #деньзнаний #первоесентября #реконструкция #te_online #свердловскаяобласть #ебург #вторчик #екатеринбургсегодня #ekblive #чкаловскийрайон #eburg #екб2019 #itsmycity #ekaterinburgphoto #ekbgram #ig_ekb #nashekb #вторчермет #екбсейчас #тчекатеринбург #свердловск #nashekb #ekbdaily #inst_ekb

A post shared by Позмогов Илья (@pozmogow) on

Покрај барокните свилени тапети, позлатени столбови и мермерни подови, златото е исто така задолжително во тоалетите.
Засега, локалните власти не се жалеле на овој проект, напротив. Додека неколку дизајнери и блогери го критикуваа неговиот проект, посочувајќи дека тој е премногу кич и нападен за детското училиште, градоначалникот Александар Високински ја бранел неговата визија. Како што истакнал, тој барем прави нешто правилно за локалната заедница.

„Секогаш ќе има такви што критикуваат и не прават ништо. Неопходно е да се разговара со луѓе што прават нешто корисно, да се проучи своето искуство“, рекол градоначалникот.


Милијардерот кој решил да го среди училиштето, не обрнувал внимание на критиките, велејќи дека учениците сега „нема да мора да го посетуваат Версај или Лувр“ и дека луксузниот амбиент веднаш ќе создаде подобро расположение. Како што изјавил тој, оние што го критикуваат се „само љубоморни“.

Екран.мк
Фото: Instagram / yandex.taxist/pozmogow

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …