(ВИДЕО+ФОТО) Кејт Мидлтон во фустан на „Зара“ од 18 евра – совршен за работа!

Војвотката од Кембриџ се појави на Лондонскиот универзитетски колеџ во секојдневен, но елегантен миди фустан.
Штедливата Кејт Мидлтон го рециклира истиот Зара фустан со долги ракави од 16 фунти, кој првично изнесувал 89,99 фунти пред да биде намален.


View this post on Instagram

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)


Таа го носеше ова парче за прв пат за време на нејзиниот кралски ангажман во Брадфорд во јануари 2020. година.
Војвотката секогаш се облекува со стил, а со оваа комбинација уште еднаш покажа дека во нејзината гардероба нема само брендирани парчиња, кои чинат вистинско мало богатство.


Со минимална шминка и уредна фризура, Кејт го посети Лондонскиот универзитетски колеџ, бидејќи, како што вели, „е посветена на поддршка на важни истражувања“. Ова беше средба со водечки експерти, за да дознае повеќе за нивната нова студија „Деца на 2020 -тите“.

Студијата „Деца на 2020 -тите“ ќе ја илустрира важноста на првите пет години од животот и ќе даде увид во најкритичните аспекти на раното детство, како и факторите што ги поддржуваат или ги попречуваат позитивните доживотни резултати.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …