Новиот предизвик на TikTok се вика Lug Nut Challenge, и освен што не носи ништо добро на светот, тој е крајно опасен.
Предизвикот е да ги олабавите навртките на тркалото на случајно избраниот автомобил и потоа да снимите што ќе се случи. Не треба да бидете физичар за да заклучите колку е опасно ова, особено ако тоа се случува во сообраќајот.
И не само тоа. Ова е многу нелегално и лесно може да заврши со значителни трошоци, но и затвор.
Еден возач од Масачусетс бил жртва на предизвикот и тркалото му отпаднало додека возел. Најзагрижени се наставниците, кои се плашат дека некој може да им ги олабави навртките на тркала. Претставник на локалната служба за влечење за медиумот 22News изјавил дека ова е исклучително опасен предизвик кој може да заврши трагично. Тој вели дека во последно време има се’ повеќе случаи во кои го викаат загрижени возачи кои навреме ги забележале испуштените навртки. Затоа, на сите во моментов им се советува да ги проверат сите тркала на возилото пред да возат.
Иако во САД се пријавени голем број случаи во кои се испуштаат навртките на тркалата, досега не се пријавени сериозни несреќи.
Фото: Porsche