Ова модно парче беше заштитен знак на гардеробата на Елизабета, а изгледа ќе стане и на Камила…
Денес, принцот Чарлс III беше крунисан за крал. Оваа титула ја чекаше најдолго во историјата на Велика Британија, а два дена по смртта на неговата мајка се одржа церемонијата на крунисувањето.
Неговата сопруга Камила била видно потресена од смртта на кралицата, но се обидела да го поддржи својот сопруг.
Таа за оваа пригода носела црно, како што налага протоколот, сепак, она што им падна во очи на многумина беше нејзиниот бисерен ланец.
Бисерите биле заштитен знак на кралицата Елизабета, а Камила изгледа ја продолжила традицијата. Можеби сакала да испрати порака за утеха до многу граѓани на Велика Британија, но и пошироко, дека споменот на Елизабета ќе биде зачуван и дека немаат причина да се грижат.
Кралицата Елизабета првпат ја одобрила врската на Камила и Чарлс Трети во 1998. година, кога отишла на ручек со нив.
Фото: Принтскрин/YouTube – South China Morning Post