Кристи Валдисери е модел кој во дваесеттите години на својот живот дознала страшни вести – страда од алопеција, автоимуно заболување што предизвикало целосно паѓање на косата.
Токму кога дипломирала на Универзитетот во Пенсилванија во 2016. година, Кристи забележала нешто чудно на нејзиното тело.
„Видов ќелав печат на мојата глава. И се прашував, што е ова? Мислев дека тоа е од цврсто врзување на косата или од сонце. Јас навистина не размислував многу за тоа. И тогаш продолжи и косата ми паѓаше, паѓаше и паѓаше… Затоа, отидов кај дерматологот и добив инјекции на стероиди и таа почна повторно да расте. А само што влегов во професионалниот свет како танчерка и модел. И се чинеше како да ми го одзедоа изгледот“, изјави Кристи за „Fox news.“.
Нејзиниот сон бил да работи како танчерка на брод крузер, што и успеала. Сепак, таа била бргу отпуштена, по само шест недели работа, и покрај тоа што се истакнала и била забележана. Таа сфатила дека причината за откажувањето е дека и паѓа косата.
„Во тој од три недели после тоа, немав работа, стан. И за три недели изгледав како денес. Мојата коса целосно исчезна за три недели поради траума и стрес од отказот“, вели Кристи.
Прво се обидела да носи перика, но цело време се чувствувала страшно.
„Можев да почувствувам како ме уништува. Бев тажна. Тоа целосно ме исцрпи, вели таа.
Таа решила својата исповед да ја објави јавно, на Инстаграм и да открие дека ја губи косата. Во тоа време, сфатила дека стероидите не и помагаат – косата и останувала на перницата, под туш, насекаде. Затоа, таа решила конечно да ја прифати својата ќелавост и целосно да ја избричи главата. Токму така, без коса, таа успеала да биде дел од едиторијалот „Sports Illustrated“, кој има култен статус во САД. На нивното шоу, таа гордо ја извадила периката.
„Кога ја добив својата прва работа како ќелава девојка, конечно се чувствував самоуверено и пријатно. Но, поминав низ тежок пат за да дојдам до тој момент“, искрена е Кристи.
Моделот исто така ја покренала The Baldtourage, мрежа за поддршка на жени кои страдаат од опаѓање на косата.
„Толку е моќно кога имате група жени кои се поврзале врз основа на истите работи што им се случуваат“, рекла Валдисери.
Алопеција е медицински израз добиен од грчкиот збор alopekia, што укажува на заболување на кожата или шуга. Тоа е најчесто автоимуна болест, што е дури и почеста од дијабетисот. Се случува имунолошкиот систем да ги препознае фоликулите на косата како туѓо тело и да започне да се брани со отфрлање на истите. Повеќе влијае на мажите, но жените, па дури и децата често страдаат од алопеција.