(ВИДЕО) Moves Like… Незапирливиот Мик Џегер и на 77. години танцува темпераментно

Познато е дека познатата рок-група „Ролинг Стоунс“ го одложи почетокот на турнејата на крајот на март минатата година, за фронтменот Мик Џегер да добие медицински третман.
Бендот тогаш објави дека лекарите му соопштиле на Џегер дека тој „не може да оди на турнеја во овој момент“, објави тогаш АП.
Џегер во изјавата рече дека му е жал што мора да ги разочара фановите, но дека со нетрпение чека да се врати на сцената што побрзо.
Легендарниот Џегер се чини дека брзо се опорави, после операцијата на срцето, за што сведочи и краткиот клип што се појави на Фејсбук профилот на британскиот Вог, но се прошири на Јутјуб.
Незапирливиот Мик Џегер, на 77-годишна возраст, сè уште танцува неверојатно „живо“:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …