(ВИДЕО+ФОТО) ЈУЖНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА ВО ШОК – БИЗАРНО ГРАБВНУВАЊЕ КАКВО НЕ Е ВИДЕНО: Ќеркичката на ас на Формула 1 спектакуларно грабната од раце на мајката пред училиште – после откупот имало необичен пресврт!

Вистинската драма се случила во Јоханесбург, главниот град на Јужна Африка, кога на сопругата на шампионот во Формула 1 на вода, Виндад де Јахер од рацете и била киднапирани оќерката Ејми-Ли (6).


Анѓелина де Јахер ја возела малечката Ејми Ли на првиот ден од училиштето кога до неа застанал 4х4 „Toyota Fortuner“, од кој излегле четворица снагатори.


Додека мајката ја изведувала својата ќерка од автомобилот, бандитите ја нападнале и почнале да и го земаат детето од раце. Мајката се борела како лавица, особено затоа што тука бил и нејзиниот син (5), но била немоќна против четворица. Изгледа дека вистинска цел им била малечката,затоа што тие само го турнале нејзиниот брат на задното седиште.

Мајката завршила со тешка повреда на рамото, всушност, скоро и ја раскинала раката. На момчето не му направиле ништо, но бил многу исплашен.

Ејми-Ли со нејзиниот брат

“Слушнав жена како вреска, и кога погледнав, видов бела Toyota Fortuner и жена како паѓа на земја, а потоа автомобилот ги забрзува. Не можев да видам кој се вози бидејќи прозорците беа затемнети. Момчето врескаше. Имаше исплашен пизраз на лицето.Пријдов и го кренав а тој извика – сестра ми, сестра ми’!Го доведов на училиште“, изјавил сведокот Анамари Пенр, кој исто така го донела детето на училиште.

„Отпрвин помислив дека го украле возилото на мајката, но потоа ми кажаа дека напаѓачите го киднапирале девојчето, ја ставиле во автомобилот и заминале“, рекла таа.

Набргу, киднаперите го повикаа Виндад и за откуп побарале два милиони ранда (132.000 американски долари). На репортерите и на јавноста не им беше кажано со што им се заканувале доколку тој не ги плати. Семејството веќе ја повикало полицијата, која превзела понатамошни преговори со киднаперите.

                                                                                    Семејството Де Јахер

Потерата по малечката Ејми Ли се одвивала до длабоко во ноќта. Цела земја знаела дека малечката носи розов фустан и црни хеланки. Семејството било во агонија и се верувало дека киднапирањето е добро осмислено. Полицијата повикувала секој што знае нешто што да пријави.

А потоа се случило нешто што сè уште не е целосно разјаснето. Без разлика дали од страв или којзнае зошто, киднаперите само го пуштиле детето на улица! Полицајците ја пронашле после 19 часови исплашена, но жива и здрава. И само тоа е објавено досега, сите други детали за случајот сè уште се чуваат доверливи.

Екран.мк/V.P./Daily mail
Фото: Facebook/Quentin Venter, Facebook/Ria van der Walt, Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …