Мексиканската глумица Селма Хаек има 52. години и никогаш не била позадоволна со себе.
Токму тоа го покажала на видеата и фотографиите кои ги објавила на својот профил на Инстаграм. Селма, која новата година ја дочекала на Карибите со сопругот и децата, објавила неколку фотографии и видеа од плажа.
Носела костум за капење од еден дел кој совршено и стоел на нејзината складна фигура која успеала да ја одржи и на 52. години.
Едноделниот костум ги истакнал сите атрибути на глумицата, а таа е една од ретките славни дами кои отворено зборуваат за достоинствено стареење.
„Имам 50. години. Зошто треба да изгледам добро? Веќе имам свој маж, но не сакам да го загубам. Најлош дел од стареењето се очите. Не мислам на брчките, туку на самите очи. Сега повеќе не можам да читам без очила“, рекла во една пригода глумицата.
Видео и фото: Инстаграм