(ВИДЕО+ФОТО) ХОЛАНДИЈА ИЗБРАЛА ВОДИТЕЛКА ЗА „ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА“: Една од презентерките е трансродната Ники!

Sвездата на Јутјуб, попозната по уметничкото име Ники Туторијали, ќе известува за натпреварувањето преку Интернет
Трансродната јутјуберка Ники де Јагер (25) е еден од презентерите на Евровизија што се одржува во Ротердам во Холандија овој мај.


View this post on Instagram

I’m coming out. 💖 link in bio!


A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials) on


Јутјуб ѕвездата, попозната по уметничкото име Ники Туторијалс, ќе известува за натпреварот преку Интернет, според официјалната веб-страница на Евросонг.

 

Ники ќе отвори специјален канал каде ќе се прикажуваат специјалните видео што таа ќе ги прави во бекстејџот,потоа за музичарите кои се натпреваруваат на Евровизија, ќе известува се од црвениот тепих за време на церемонијата на отворање и ќе учествува во сите три фестивалки вечери, во живо. Таа прв ја поддржал ланскиот победник Данкан Лоренс.

 

„Драга Ники, и ова се случи. Се сеќавам кога разговаравме за ова, се смеевме и сонувавме. Сега си презентер на Евровизија, веројатно најдоброто што го имале досега. Горд сум на тебе, се гледаме во мај“, напишал пејачот на Инстаграм. Јутјуберката вели дека нејзината улога како презентер на Евровизија и била голема желба, затоа сега е исклучително почестена.

„Навистина чекам да го доживеам ова уникатно искуство“, рекла Ники, која исто така се бави и со шминкање, а неодамна ја призна нејзината тајна. Во текот на нејзината кариера, таа криела дека е трансродна, а тоа го открила неодамна затоа што ја уценувале и и’ се заканувале. Таа го завршила процесот на промена на полот кога имала 19 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …