(ВИДЕО+ФОТО) Горан Бреговиќ во „Еден на Еден“: „Сум свирел од Карнеги хол и Операта во Сиднеј до грчки крчми и свадби на руски тајкуни“

Во едно часовното интервју со Жарко Димитриоски, светскиот музичар зборува за неговата музика, патувањата, животот пред и после војната, неговите почетоци во работата во југословенски стриптиз бар.


„На 17 имав видено повеќе голи жени отколку сите мои врсници заедн“, се шегува тој.

Брега зборува и за семејството, љубовта кон боксот, животот, музиката…


„Сум свирел од Карнеги хол и Операта во Сиднеј до грчки крчми и свадби на руски тајкуни, вели легендарниот Горан Бреговиќ во новата епизода на шоуто „Еден на Еден“.


„Ретко кој музичар имал среќа како мене“, вели Брега.

Како специјално изненадување за Бреговиќ, екипата на „Еден на Еден“ ги доведе и маестралните Агушеви, како и Васка Јанковска, која беше одбрана помеѓу 200. кандидати да ја испее „Едерлези“ во филмот „Дом за бесење“ на Кустурица.

Сѐ на сѐ, во недела нѐ очекува одлична вечер со единствениот Брега.
Не ја пропуштајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 часот на „Канал 5“ телевизија“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …