(ВИДЕО+ФОТО) Го напуштил училиштето на 17 години, а на 22 размислува за пензија: „Имам 20 милиони долари“

АМЕРИКАНЦОТ Хајден Боулс го напуштил средното училиште на седумнаесет години, а само пет години подоцна, на 22 години, станал милионер и се пензионирал.
На YouTube го следат 300 илјади луѓе, додека на TikTok има 100 илјади следбеници. Тој често споделува совети на социјалните мрежи за тоа како изградил бројни бизниси во тинејџерските години, пренесува Daily Mail. Боулс заработил милиони преку инвестирање во недвижнини и онлајн курсеви за dropshipping и реклами на TikTok.
„Почнав да заработувам значителни приходи од мојот бизнис кога имав 17 години, во индустријата за е-трговија. Сè уште работам, сакам да работам, но технички сум во пензија поради парите што ги заработив од недвижнини“, објаснил тој.

View this post on Instagram

A post shared by Hayden Bowles (@realhayden)


Тој додал дека парите што ги добива од претходните инвестиции го плаќаат неговиот животен стил. Компаниите на Хајден продолжиле да растат и да отвораат нови филијали, а младиот претприемач заклучил дека богатството е разликата помеѓу приходите и расходите и дека нема одредена бројка која ќе одреди дали некој е богат.


Не жали што не отишол на факултет
Откако го напуштил училиштето на 17-годишна возраст, тој ја основал платформата Ecom Season, која нуди низа курсеви кои чинат до 575 долари. Во едно од видеата тој изјавил дека не жали што не отишол на факултет бидејќи искуството е сосема слично.
„Ги правите сите глупави работи што ги правите на факултет, но одите 20 нивоа подалеку бидејќи сите имаат пари“, рекол тој.

View this post on Instagram

A post shared by Hayden Bowles (@realhayden)


Тој тврди дека до 20-тата година ги зголемил приходите за четири пати во однос на заработката на 17-годишна возраст, па на дваесет години веќе заработувал милион долари. Сега вели дека собрал повеќе од 20 милиони долари преку зделки фокусирани на е-трговија. Тој им порачал на следбениците да избегнуваат повеќекратни напори и да се фокусираат на една работа што сакаат да ја прават долгорочно.

View this post on Instagram

A post shared by Hayden Bowles (@realhayden)


Инфлуенсерот редовно споделува фотографии од неговите луксузни патувања и одмори низ САД, како и фотографии од скапи автомобили и приватни авиони.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …