(ВИДЕО+ФОТО) „Фолтин“ ја разигра Тирана

На покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана на музичкиот фестивал, „Клауд”, што се одржува во мај во овој град, во четвтокот вечер (18.05) со успех настапи „Фолтин” од Битола.

Како што пренесува КИЦ-Тирана, концертот на „Фолтин”, „започна хипнотично и мирно, спокојно. Како да се составија во едно, виолетовото небо над Тирана, музиката на ‘Фолтин’ и публиката”.


Битолскиот состав со европска репутација изведе голем дел од својот репертоар од сите свои албуми, а нивниот префинет настап беше препознаен од публиката која со своите искрени рекции, танцување и аплаузи, го продолжи концертот речиси двојно од времето за кое што беше предвиден.


This image has an empty alt attribute; its file name is FOLTIN.jpg

Прекрасниот концерт на „Фолтин” во Тирана, беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на ,,Берлинскиот Процес” во Тирана.


Минатата година на фестивалот „Клауд” каде што настапуваат повеќе од 600 учесници од повеќе земји, и се одвива еден месец, успешен настап имаше македоснкиот состав „Љубојна”.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …