Бројот на бегалците кои бегаат од Украина достигнал 2. милиони, соопштија Обединетите нации. Како што се наведува, ова е најбрзиот егзодус што Европа го видела од Втората светска војна.
View this post on Instagram
„Денес одливот на бегалци од Украина достигнува 2. милиони луѓе. 2 милиони луѓе“, напишал Филипо Гранди, Високиот комесаријат на ОН за бегалци, на Твитер.
View this post on Instagram
Гранди на прес-конференција рекол за споредба дека за време на војните на Балканот во Босна и Косово се евидентирани два до три милиони бегалци, во период од осум години, пренесува Tajms of Izrael.
„Иако другите делови на светот веќе го виделе ова, тоа е првпат во Европа да се случи по Втората светска војна“, рекол тој.
Покрај тоа, непознат број луѓе се раселени во границите на Украина.
Today the outflow of refugees from Ukraine reaches two million people.
Two million.
— Filippo Grandi (@FilippoGrandi) March 8, 2022
Гранди додал дека вториот бран бегалци од Украина веројатно ќе биде поранлив од првиот бран, пишува Дојче веле.
„Ако војната продолжи, ќе почнеме да гледаме луѓе кои немаат ресурси и врски“, рекол тој на конференцијата во Осло.
View this post on Instagram
„Тоа ќе биде сложена ситуација за европските земји во иднина“, додал тој.
Тој посочил дека ќе биде потребна „уште поголема солидарност“ во Европа и пошироко.
Во вторникот беа отворени коридори кои овозможуваат безбедна евакуација на цивилите од неколку украински градови, соопшти руското Министерство за одбрана.
Фото: Принтскрин/Instagram