(ВИДЕО+ФОТО) Драма во Сплит: 18+ sвезда го пријавила момчето, тенисерот Бернард Томиќ во полиција

ВАНЕСА СИЕРА ЏОЛИ е австралиска инфлуенсерка и sвезда на „OnlyFans“, а со своето момче, австралиски тенисер со хрватски корени Бернард Томиќ, и’ претходно го привлекувала вниманието на јавноста.

Овој пат, таа го пријавила Томиќ, со кого дошла во Сплит по повод неговите подготовки и тренинзи, во полицијата во Сплит, бидејќи тој наводно и ги скршил двата мобилни телефони и два лаптопи. Од нивниот апартман во хотел во Сплит, во последните неколку дена често се слушале расправии, а таа му се пожалила „каде ја донел“, пишува Slobodna Dalmacija.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Bernard Tomic (@bernardtomicc)


Во меѓувреме, таа објавила видео на својот Инстаграм во кое Томиќ го крши нејзиниот лаптоп. “Не се зезајте со егото на тенисерот. Со цел да ја надоместам штетата од 16.000 долари, ќе го објавам моето приватно видео на OnlyFans. Не жалам”, напишала таа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Sierra (@vanessa5ierra)

Сиера Џоли и рекла на полицијата дека Томиќ предизвикал материјална штета од околу 16.000 долари со кршење на мобилниот телефон и лаптопот.
„На 28 мај 2021 година, полициски службеници од Втората полициска станица во Сплит добија кривична пријава за кривично дело оштетување на туѓ имот, а во тек е кривична истрага за околностите на настанот“, соопштила полицијата.
Инаку, Сиера Џоли го привлече вниманието на јавноста со учеството во реалното шоу „Остров на љубовта“ минатата година, и дополнително со своите видеа на OnlyFans со нејзиното поранешно момче Лук Ервин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Sierra (@vanessa5ierra)

Таа продолжи да снима и продава порнографски видеа на таа популарна платформа со своето ново момче Бернард Томиќ, моментално 214-от играч во светот во генералниот пласман, со кого е во врска повеќе од половина година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …