Една 17-годишна девојка од Калифорнија, која нападна огромна мечка во нејзиниот двор за да ги спаси своите кучиња, рекла дека тоа „не била при здрав ум“ кога тоа го сторила.
„Искрено, сфатив дека е мечка дури кога ја оттурнав“, изјавила Хејли Моринико за „Добро утро Америка“ откако снимката од конфликтот со мечката стана вирална.
„Да бидам искрена, не знаев дека го имам тоа во мене. Кој го прави тоа? Кој во нивниот здрав ум турка мечка?” – рекла Хејли.
Нејзината мајка Ситлали исто така се појавила во утринската програма и рекла дека се згрозила кога видела снимка на која се гледа како нејзината ќерка турка мечка.
Хејли за време на средбата со мечката завршила само со повреден прст, но експертите велат дека има среќа што е жива.
Целосните снимки од надзорната камера што се појавија покажале дека мечката и нејзините две младенчиња се обидуваат да се искачат над ѕидот кога семејните кучиња почнале да лаат врз нив. Како резултат, младенчињата се разишле – а мајката мечка зазела заштитен став.
View this post on Instagram
„Нема ништо поопасно од мајка мечка со своите младенчиња. Никогаш не трчајте на животно и никогаш не остварувајте физички контакт. Може да биде погубно”, изјавил експертот за диви животни, Рон Магил, за Добро утро Америка.
Хејли се појавила и на Си-Ен-Ен, придружувана од нејзината кучка Валентина, на која гладната мечка и ги фрлилаи очите.
„Мечката го зеде ова куче, Валентина, и таа беше буквално над земјата, и јас го сторив она што требаше. Имав околу две секунди да мислам и првото нешто што ми падна на ум беше да ја истуркам мечката преку ѕидот”, рекла тинејџерката.
„Тоа куче беше навистина во опасност, а тој е многу важен за семејството. Не можев да издржам ништо да му се случи, бидејќи знам дека болката ќе биде преголема за мајка ми и навистина мислам дека го направив тоа за неа”, рекла Хејли.
„Не можев да спијам размислувајќи за ужасните сценарија што можеа да се случат. За среќа, сето тоа заврши добро”, заклучила мајката на Хејли.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram