(ВИДЕО+ФОТО) ДиКаприо, Бред Пит и Марго Роби: Погледнете го првиот трејлер за новиот филм на Тарантино

„Било еднаш во Холивуд“ е деветти филм на славниот Квантин Тарантино, познат по бројните успешници настанати под неговата режисерска палка (Пеколен шунд, Џеки Браун, „Убиј го Бил 1 и 2, Отпорен на смрт, Немилосрдни гадови, Одбегнатиот Данго, Омрзнатите осуммина, Reservoir Dogs).
На сценариото на овој филм Тарантино работел полни пет години и конечно го споредил со „Пеколен шунд“, што сосема говори за скалата на очекувања.


Тарантино во своето најново филмско остварување ги собрал Леонардо ДиКаприо, Бред Пит и Марго Роби, а освен нив во филмот се појавуваат и останати големи холивудски имиња како што се Ал Пачино, Брус Дерн, Тим Рот, Тимоти Олихарт, Курт Расел, Дакота Фенинг, Дамиан Луис, Лук Пери, Емили Хирш, Џејмс Марден, Мајкл Мадсен и многу други Ова е воедно и последна филмска улога на неодамна починатиот глумец Лук Пери.
Продукцијата на филмот ја потпишуваат Дејвид Нејман, Шенон МекИнтош и Квентин Таранитно, а извршна продуцентка е Џорџија Касанедес.


Инаку, ДиКаприо и Марго Роби заедно глумеле во филмот „Волкот од Вол Стрит“, додека ова е прв филмски наслов во кој заедно ќе заиграат Бред Пит и Леонардо ДиКаприо, чија соработка на филмот Тарантино ја опишал како највозбудлив актерски тандем после Роберт Редфорд и Пол Њумен.


„Било еднаш во Холивуд“ е вистинска холивудска приказна за еден глумец и неговиот двојник кои тргнуваат на пат за да го пронајдат своето место под сонцето во филмската индустрија. Нивното патување се одвива на врвот на хипи Холивуд, дамнешната 1969. година, во Лос Ангелес.

Главни ликови во филмот се Рик Далтон (Леонардо ДиКаприо), бивша ѕвезда на една ТВ вестерн серија и неговиот долгогодишен двојник Клиф Бут (Бред Пит) во време на последните денови на златниот Холивуд, се борат за свој успех во светската престолнина на филмската индустрија која повеќе не ја препознаваат. Но, Рик има позната сосетка – Шерон Тејт (Маргот Роби)…
Премиерата на „Once Upon a Time in Hollywood“ е закажана за јули оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …