(ВИДЕО+ФОТО) Џенифер Лопез: „Срцето ми е скршено!“

Џеј Ло и нејзиниот партнер Алекс Родригез ги прославиле своите родендени во јули, но тоа не биле единствените причини за славење. Имено, тие биле задоволни од веста дека настапот на пејачката на годинашниот „Супер боул“ бил номиниран во дури четири категории за престижната награда „Еми“ што ја даваат телевизиските професионалци.
Џеј Ло со нејзината ќерка Ема, пеела, на споменатиот настап, а сега таа ја објаснила причината за нивниот заеднички настап.


View this post on Instagram

Everybody, I want you to sing it loud: I’M LIMITLESS … That’s right my baby … now never forget it! #Repost @jlo.no.1


A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


„Нашата изведба не беше водена од намерата да ја направиме Ема популарна, туку беше начин заедно да правиме работи што не поврзуваат. Тоа не значи дека ќе ја носам на сите настапи сега или дека ќе ја принудам да пее, иако многу луѓе ме прашуваат тоа. Пеењето е едноставно нешто што не зближува двете“, рекла таа.
Сепак, покрај бројните прослави, не можеле да ја одбележат најважната работа оваа година, а пандемијата на коронавирус ги спречила да го сторат тоа. Џеј и Алекс требало да се венчаат ова лето, а сè било осмислено за нивната свадбена церемонија, која ја одложија до понатаму, а пејачката не крие колку и е тешко поради тоа.

„Моето срце е скршено што моравме да ја одложиме свадбата затоа што имавме неколку одлични планови за тој настан, но исто така верувам дека Бог има поголем план, затоа само треба да почекаме и да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Секако, сето ова е разочарувачки затоа што по Супер боулот и крајот на снимањето на филмот ‘Светот на танцот’, сакав да земам одмор за целосно да се посветам на планирање на свадба, а сега сè е на чекање“, се пожалила Лопез.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …