Вечерта во Кан синоќа беше резервирана за премиерата на новиот филм на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon“. Публиката го награди ова достигнување со деветминутни овации. Критиките не можеа да бидат подобри. Познатиот режисер е пофален, но и Леонардо ди Каприо кој ја игра главната улога во овој филм покрај Роберт Де Ниро.
Првите критики за трииполчасовниот епски филм прикажан на Канскиот фестивал укажуваат дека првиот вестерн на култниот режисер е триумф. Широк круг филмски критичари веќе му дадоа пет ѕвезди на филмот предводен од Леонардо ди Каприо, а еден од нив го оцени овој филм како најдобар во овој жанр.
View this post on Instagram
Критичарите кои присуствуваа на синоќешната премиера истакнуваат дека тоа е ремек дело. IndieWire пошува дека тоа е најдобрата изведба на Ди Каприо до сега, додека The Guardian му доделил пет ѕвезди за „необичниот еп за крвавото раѓање на Америка“. Имаше и искрени спротивставени коментари.
„Killers of the Flower Moon“на Скорсезе е еп за алчноста и експлоатацијата на крвавите рамнини на резерватот Осаж нација во Оклахома во 1920-тите. Овој филм е оценет како најамбициозното дело на овој режисер.Главните улоги ги толкуваат Роберт де Ниро, Лили Гладстон и Леонардо ДиКаприо.
View this post on Instagram
Адаптацијата на нефикцискиот бестселер на Дејвид Гран трае речиси три и пол часа, а Apple го чинеше 200 милиони долари. Скорсезе (80) синоќа уживаше во својот успех, режисерот го претстави својот филм во Кан за прв пат по 1985 година и премиерата на „After Hours“.
View this post on Instagram
Обраќајќи им се на насобраните по проекцијата, тој рекол: „Го снимивме ова пред неколку години во Оклахома. Беше потребно време да излезе, но Apple беше одличен за нас“, пренесува „Дејли мејл“.
Овој филм ја донесува и новата улога на Леонардо ди Каприо по четири години и филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“. Лео глумеше и во филмот „Don’t Look Up“ во 2021 година, кој беше емитуван на Нетфликс.
Скорсезе присуствуваше на денешната конференција во Кан со екипата на неговиот филм.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram