Холивудската глумица Мелани Грифит предизвикала вистински восхит на фановите објавувајќи фотографија во црно бикини. На витата линија би можеле да и завидуваат и двојно помлади жени. Имено, 61. годишната актерка докажала дека годините се навистина само број.
Грифит може да се пофали со рамен стомак што е резултат на напорни тренинзи.
Грифит може да се пофали со рамен стомак што е резултат на напорни тренинзи.
„Какво тело!Неверојатно“, бил коментар кој најчесто можел да се прочита на сметка на нејзината вита линија.
Глумицата која се прославила со бројни улоги наредниот месец ќе наполни 62. години, а нејзината фитнес рутина и понатаму е многу интензивна.
Глумицата која се прославила со бројни улоги наредниот месец ќе наполни 62. години, а нејзината фитнес рутина и понатаму е многу интензивна.
Неколку пати неделно оди на кардио тренинзи под раководство на тренерот на славните ѕвезди, Гунар Петерсон, за време на кои изведува исчекори, како и кревање тегови.
Моментално е на одмор во Шпанија, а за разлика од своите колеги таа е во добри односи со папараците кои ги поздравила. Мелани Грифит и на одмор покажала завидна фигура за жена во седмата деценија.