(ВИДЕО) ЖЕЛБАТА ГО ПОБЕДУВА И НЕВОЗМОЖНОТО: Во инвалидска количка, покрај солитер, се искачил на 250. метри!

Пејачот Лаи Чи-ваи стана првиот човек во Хонг Конг кој во инвалидска количка се искачил на висина од 250. метри, на еден солитер.
Лаи (37), кој бил парализиран од половината надолу во сообраќајна несреќа пред 10. години, не можел да стигне до самиот врв на 300. метри од високата кула „Нина“ на полуостровот Ковлун.
„Бев прилично исплашен“, признал Лаи.
„Кога се качувам на планина, можам да се држам за карпи или мали дупки, но со стакло, се на што навистина можам да се потпрам е јажето на кое сум закачен“.
На настанот биле собрани донации од 5,2 милиони хонгкошки долари, (670.639 американски долари) за пациенти со болести на ‘рбетниот мозок.
Лаи бил познат алпинист и пред 2011 година, тој четири пати бил крунисан како шампион на Азија во искачување на карпи, а во еден момент бил осми на светот.
По несреќата, тој продолжил да се искачува прицврстувајќи ја инвалидската количка на систем за влечење.


Фото: Скриншот/youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …