(ВИДЕО) Жаре и „Еден на Еден“ се селат на „Канал 5“


За „Еден на Еден“ нов термин и нова телевизија.

Најгледаното ток-шоу од оваа недела се сели на „Канал 5“ телевизија. Емисијата ќе се емитува секоја недела во 18:50 часот.



Долгоочекуваната епизода со „Фамилијата Марковски“ и гостувањето на Силвија, Тамара, Владимир и Петар, ќе ја гледаме оваа недела, 29. октомври, во 18:50 часот.


Oд екипата на „Еден на Еден“ велат дека покрај тоа што ќе пробаат да дознаат дали ќе има втора сезона на хит-серијата „Фамилијата Марковски“, ќе се обидат да одговорат и на неколку прашања кои ги мачат сите: Која е тајната на животот, зошто оваа емисија не одеше на претходната телевизија, кој ја цензурираше, дали има задгробен живот и многу други…
А, можеби и нема – додаваат тие.
Сезоната 9. на „Еден на Еден“ гледајте ја секоја недела од 18:50 часот на „Канал 5“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на играниот филм „Објаснување за се“ утревечер во Кинотека

Во четврток, на 24 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот во Кинотека на …