Можеби и’ ја заборавивме епизодата на Бил Клинтон со Моника Левински, но затоа се појави нова сторија за еден од претседателите Буш…
Пред четири години Хедер Линд позирала со бившиот претседател и раскажала дека за време на фотографирањето ја фатил за задникот додека неговата сопруга Барбара Буш била оддалечена нешто повеќе од еден метар.
Хедер Линд која глумела во серијата „Turn: Washington’s Spies“ го обвинила поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш (93) за сексуално злоставување.
Имено, пред четири години Хедер Линд позирала со бившиот претседател и раскажала дека за време на фотографирањето ја фатил за задникот додека неговата сопруга Барбара Буш била оддалечена нешто повеќе од еден метар.
„Ниту не се ракуваше. Додека седеше во количката ме допираше по задникот и раскажа прост виц“ напишала помеѓу останатото на Инстаграм, а објавата подоцна ја избришала.
Открила дека тоа го направил два пати а кога Барбара тоа го забележала превртела со очите и коментирала:„Не повторно“.
Бившиот претседател се огласил по тој повод и порачал:
„Никогаш не би навредил некого, жал ми е ако мојот хумор ја повреди госпоѓицата Линд“.

(ФОТО) Претседателите на САД се исто така сексуални предатори:„Буш (93) ме фаќаше а неговата сопруга само рече „не повторно“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.