(ВИДЕО) ЗГРАДА ШТО ШЕТА – Погледнете како Кинезите преместила петкатница стара 85. години!

Жителите на Шангај кои минуваа низ источниот дел на градот, квартот Хуангпу, на почетокот на овој месец можеа да наидат на необична глетка – зграда „што шета“.
Основното училиште старо 85. години беше целосно подигнато од земја и преселено со помош на новата технологија наречена „машина за одење“, пишува Даилѕ Маил.
Со цел да се зачуваат историските градби, инженерите закачиле скоро 200 подвижни носачи под петкатницата, според Лен Вуџи, главен надзорник на проектот.


Носачите делуваат како нозе. Тие се поделени во две групи кои наизменично се креваат нагоре и надолу, имитирајќи човечки чекор, а сензорите помагаат во контролата на движењето на зградата.
Училиштето е изградено во 1935. година и се пресели на друга локација затоа што на негово место треба да се изгради деловен објект. За да успеат во тоа, работниците најпрво требало да ископаат канал околу објектот за да можат да ги инсталираат споменатите машини.
Целиот процес траел 18. дена, а центарот за образование и заштита на наследството ќе биде сместен во поранешната училишна зграда.



Шангај важи за еден од најнапредните градови во Кина кога станува збор за заштита на културното наследство, па затоа тие веќе заштителе многу стари градби. Ова не е првпат објект да се преместува во овој дел од најнаселената земја во светот.
Во 2003. година во Шангај била преселена концертната сала изградена во 1930. година за изградба на автопат. Пред две години, зграда стара 90. години беше преместена и беше оценета како најсложениот потфат од тој вид.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …