(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,1 степени во морето источно од Фукушима – на луѓето им порачале да се оддалечат од брегот

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди источниот брег на Јапонија во саботата, се треселе и згради во Токио, но според првите информации нема големи штети и не е издадено предупредување за цунами.
Епицентарот на земјотресот бил покрај брегот на префектурата Фукушима на длабочина од 60 километри, објави јапонската метеоролошка служба.


Се треселе и згради во Токио
Земјотресот се случи по 14. часот и ги затресел зградите во главниот град. Нема извештаи за потешкотии во нуклеарната централа Токаимура, објави јавниот сервис NHK. Метеоролошката служба соопштила дека не е издадено предупредување за цунами, но на жителите на крајбрежните градови им е препорачано како претпазливост да се преселат на поголема надморска височина, објави „Japan Times“.


Земјотресот ја погодил Фукушима само неколку недели пред 10-годишнината од разорниот земјотрес на 11. март 2011. година, кој го опустоши североистокот на Јапонија и предизвика масовно цунами што доведе до најголема светска нуклеарна криза во четвртина век.

Земјотресот во март 2011. година бил со јачина од 9,0 степени и предизвикал цунами што ја поплавил нуклеарната централа Фукушима Даичи.
Во тоа време, во поплавите загинале 18.500 луѓе.

Земјотресите се вообичаени во Јапонија, една од најсеизмички активните области во светот. На Јапонија отпаѓаат петтина од земјотресите во светот со јачина од 6,0 степени или повисока.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …