На почетокот, мачињата зачудено гледале во пилето пред нив…
Пријателството се појавува во сите форми, а исто така е можно и меѓу пиле и мачиња. Доказ за тоа е преслаткото видео објавено на YouTube профилот на Teddy Kittens.
Прекрасните мачиња Гарфилд, Карамел и Бјанка запознало малечко жолто пиле и ги стопиле срцата на многумина.
На почетокот, мачињата зачудено гледаат во пилето пред нив. Тие впивале непознат мирис и се обиделе да откријат што се наоѓа пред нив.
Наскоро сфатиле дека нема причина да се плашат и така настанала прекрасна приказна за пријателството.
Фото: Принтскрин/Youtube