(ВИДЕО) Запознајте го најскапиот теренец во светот, се појавил на улица!

Неговото име е „Карлман Кинг“ а за него веќе сте можеле да слушнете во најавите. Сега го запознаваме со помош на неговиот дизајнер.
Најблаго кажано, „Кинг“ изгледа импозантно. За неговата големина најдобро може да му пресудите кога ќе му се приближи неговиот дизајнер Лусијано Д’Амбросио, или ако имате среќа и го видите на пат. И’, кога ќе речеме дека во конкуренција на Ролс Ројс, Бентли и ним слично, ова е значително поскапо, јасно ви е дека нема ограничување. Барем кога станува збор за опрема, луксуз и технологија.


Под капакот е пак моторот 6,7 V10 со 420 КС. Монструозно, исто како и појавата кога оваа грдосија оди со полна брзина од дури 220 км на час, значително повеќе од најавените 140 км на час.


И’, конечно, да кажеме нешто за цената. Започнува со 1.085 милиони долари,а со сите опции надминува 3. милиони долари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …