Колинда Грабар Китаровиќ синоќа во нејзин стил навивала за Хрватска на „Рујевица“ во Риека, на натпреварот кој Хрватска го доби со 3:1 и се пласира на ЕП а снимката на која жестоко удира со рацете на „Во бој, во бој“ станала хит на Твитер.
„Навивачка. Овие момчиња и се смеат. Непроценливо“, напишал твитерџијата кој ја споделил хит снимката на која во близина на Колинда се гледаат и двајцата мажи кои „умираат од смеење“.
Navijacica. Ovi decki sto joj se smiju. Neprocjenjivo. pic.twitter.com/EUvH9syskk
— Damir Tomić (@damir_djk) November 16, 2019
Според самата снимка тешко е да се заклучи дали тие и се смеат токму на Колинда или на нешто друго, но за што и да станува збор, твитерџијата едно сигурно погодил – снимката е навистина „непроценлива“.