(ВИДЕО) Забременила на 12. години, а семејството ја оставило да умре: Судбината и наменила поинаков КРАЈ!

Ако ве однесат од дома, ќе ве стават во кану и ќе те остават на Казнениот остров без жива душа, зарем не би се преплашиле? Ова е токму она што го доживеала Мауда Кјатаргабирве од семејството затоа што забременила.


Мауда требало да умре на мал остров на езерото Буњоњи во југозападна Уганда. Имала само 12 години.
„Слушав за други девојки дека се испраќаат на Казнениот остров, но тоа беше одамна. Слушнав дека ако една девојка забремени, ќе биде фрлена таму. Се чинеше дека Сатаната ме искушуваше и забременив, па ме одведоа таму“, вели Мауда.



Бремените невенчани девојки не се сметаат за потенцијални сопруги во овој дел од светот. Губењето на мираз значело дека девојчето повеќе нема никаква вредност за семејството.


„Вие не можевте да се спротивставите во тоа време. Ако пружите отпор, ќе ве тепаат. Поминав 4. ноќи на островот. Бев ужасно гладна. Умирав. Бременоста беше сè уште рана, а откако стигнав таму го изгубив бебето“, продолжува Мауда низ солзи.
Локалните мажи кои не можат да си дозволат мираз би доаѓале на овој остров да најдат сопруга.



„По благодат Божја, дојде еден човек, беше рибар и ми рече дека ќе ме однесе во неговата куќа. Бев малку сомничава. Го прашав дали ме лаже за да ме фрли во езерото. Но, тој одговори: ‘Не, те водам дома’. И тој ме однесе“, се сеќава оваа жена во тој клучен момент.


Мауда живеела со нејзиниот сопруг до неговата смрт во 2001 година. Тие создале семејство со шест деца.
„Тој ме сакаше. Тој навистина ме сакаше и се грижеше за мене. Тој ми рече: ‘Те земав од дивината и нема да дозволам повеќе да страдаш’“, завршила Мауда со својата неверојатна животна приказна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …