(ВИДЕО) За општината „не беше во концептот“ но народот реши нивната икона да има концерт – „Неготино за својата легенда и Ѓоко Ѓорчев за својот град“

„Неготино за својата легенда и Ѓоко Ѓорчев за својот град“, ќе се одржи во сабота со почеток во 19 часот, за кога е закажан концерт по повод 32. години на македонската музичка сцена на македонскиот Том Џонс. Средбата со своите сограѓани, што ќе се одржи во прекрасниот амбиент на неготинската Стара чаршија Ѓорчев ќе ја започне со рефренот на прекрасната мелодија „Уште еден ден Марија“ од Мишо Ковач, со која тој победи на музичкиот натпревар „Најдобар глас“ 1970 година.


-Ќе пеам со љубов кон мојот град, кон сите оние кои стојат покрај мене во изминатите три децении откако сум на сцената. Откако од страна на општината во последен момент беше откажан мојот концерт во склоп на Неготинска музичка вечер, кога иако се подготвував за настап заедно со моите музичари пријатели, на крај ми беше кажано дека не се вклопувам во концептот на програмата и нема да настапам, еве дојде и времето да запеам пред сограѓаните.
За реализацијата на мојот концерт се заслужни повеќе лица, кои веднаш по откажувањето на мојот настап ми дадоа поддршка и ми ветија дека ќе направат се што е во нивна можност за да запеам пред граѓаните.
Благодарен сум што има луѓе кои ја ценат работата на македонските музичари, трудот кој сум го вложувал цел живот, затоа што јас пеам само поради мојата публика и сакам да оставам траг на нашата сцена. Мои драги гости на концертот ќе бидат: Кате и членовите на групата „Соната“, Катерина Танева, Перо Христов, „Трио џентлмен“ и Трифун Костовски – вели Ѓорчев.

This image has an empty alt attribute; its file name is gjoko-za-koncertot.jpg


Сите што ќе присуствуваат на оваа незаборавна средба со песните на Ѓоко Ѓорчев, ќе можат уште еднаш да ги слушнат неговите познати хитови, со кои тој победуваше на македонските фестивали на забавна музика, познати светски евергрини, меѓу кои е и неговата омилена „Мy wаy“ од репертоарот на Френк Синатра, како и неколку оперски арии, што тој ги сними и маестрално ги отпеа во последните неколку години.
Оние кои ќе бидат присутни на концертот на Ѓоко во старата чаршија во Неготино убедени сме дека ќе си поминат убаво, а за оние кои нема да присуствуваат донесуваме неколку видеа од неговите проби…


Г.О.

Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …