(ВИДЕО) ВО ЖИВО ВО УТРИНСКА ЕМИСИЈА – Чуден начин да ги ослободат децата за голотијата: Сликаат портрет а покажуваат гол машки модел!

„Каков срам, да го гледаш ова во 07.40 кога децата се подготвуват за во училиште и да видиш машки полов орган во утринската емисија“, луто напишал еден Твитерџија.
Гледачите на популарната британска утринска емисија “Good Morning, Britain” се шокирале кога на малите екрани, вчера, им бил прикажан машки полов орган.

Имено, тема на емисијата била „дали во основните училишта треба да се воведе сликање на голотија“, и поради тоа во студиото присуствувал машки модел, сосема гол. Додека водителите и нивните гости разговарале за темата, уметничка го сликала мажот.
Во еден момент камерата од зад грб го прикажала целосно голиот маж, а на дел од гледачите им се причинило дека на екранот го виделе половиот орган на мажот, што и’ ги разбеснило.



„Каков срам, да го гледаш ова во 07.40 кога децата се подготвуват за во училиште и да видиш машки полов орган во утринската емисија“, луто напишал еден Твитерџија.
„Живи Господ, имате ли малку почит и здрав разум“, дадавале гледачите. На други пак не им било јасно зошто воопшто голиот маж бил во студио бидејќи уметничката го сликала само неговото лице.

Но, ако повнимателно се погледне снимката ќе се види дека моделот својот полов орган го покрил со рака, што ете на некои им се видело како нешто друго…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …