Австралискиот актер, музичар и манекен Хари Хејнс, починал во понеделникот на 28-годишна возраст, за што во јавноста било пријавено од неговата мајка, актерката Џејн Бадлер (66).
„Мојот убав син почина на 7. јануари. Тој имаше 27. години и светот беше под неговите нозе, но за жал се бореше со психијатриски нарушувања и зависност. Брилијантна искра блескаше премногу кратко … Ќе ми недостасува Хари, секој ден од мојот живот“, напишала Џејн на Инстаграм. Таа објавила многу фотографии од нејзиниот син, но не ја открила причината за смртта.
https://www.instagram.com/p/B7Gz5r2DvHE/?utm_source=ig_embed
Хари глуми во драмата на Нетфликс „The OA“, хит серијата „American Horror Story: Hotel and Sneaky Pete“, а исто така пеел под алијасот „Антибој“.
Се запишал на Медицинскиот факултет во Австралија, но набргу се преселил во Лос Ангелес за да ја започне својата кариера на модел, а се бавеил и со пишување поезија, музика и глума. Иако е роден како маж, Хари тврдел дека се пронаоѓа во „мешање на половите“, тврдејќи дека луѓето би можеле да бидат тоа што сакаат.